Легендарната рок група Ролинг стоунс се подготвува за објавување на својот 25-ти албум „Странски јазици“ („Foreign Tongues“).
– Мик Џегер никогаш нема да престане да создава нова музика, изјави Кит Ричардс, посочувајќи дека токму неговата креативна енергија и извонредна продуктивност се главните причини поради кои новиот албум бил завршен за толку кратко време.
На новиот албум ќе гостуваат голем број познати музичари, меѓу кои Пол Макартни, Стив Винвуд, како и покојниот тапанар на бендот Чарли Вотс.
– Џегер не покажува никакви знаци на забавување кога станува збор за создавањето нова музика, напротив, во последно време е неверојатно продуктивен и тоа е една од причините поради кои овој албум беше завршен толку брзо, бидејќи едноставно не сака да запре, изјави Ричардс во интервју за Гардијан. Новиов проект е само продолжение на претходниот албум на „Hackney Diamonds“, додаде тој.
Како продуцент на албумот „Странски јазици“ се јавува Ендрју Ват. Албумот ќе биде објавен на 10 јули во издание на Полидор рекордс и Јуниверзал мјузик груп.




