Старец Клеопа, романски свештеник, за „смирувањето“ и за библиската филозофија на Александар Македонски:

-Кажете ни неколку зборови за желбите?

КЛЕОПА: Желби? Тие се испратени од ѓаволите!

-Сите видови желби?

КЛЕОПА: Сите. Освен духовната. Таа е добра. Сите останатите се желби на телото, на демоните и не водат во пеколот. Тој посакал да јаде од дрвото и целото човештво го отера во пеколот.

-Како некој може да се избори со желбите, старстите?

КЛЕОПА: Смрт, смрт, смрт! Јас ќе умрам и каде ќе отидам? Каде ќе отидам? Дали некој е оставен овде? Дали знаете што рекол Александар Македонски? Тој владеел со многу земји и кога умрел, рекол: „Направете два отвора на мојот ковчег, моите празн раце да останат надвор. Погребајте ме, но оставете ги рацете надвор од ковчегот, низ двата отвора. Не ставајте ништо во нив. Нека бидат празни.“ Тој исто така бил и филозоф. „Сакам да им покажам на сите дека јас, кој сум владеел со многу земји и кој се борел во толку војни, одам во гробот со празни раце.“ Така што секој може да сфати дека најголемата филозофија е филозофијата на смртта. Рајот нека ве проголта!