Русија тврди дека употребила хиперсонична ракета во војната во Украина. Со ракетата, како што се вели, бил уништен подземен магацин за оружје.
Првпат по почетокот на војната во Украина, Русија информира дека употребила хиперсонична ракета „Кинжал“. Портпарол на руското Министерство за одбрана изјави дека со ракетата е уништен украински подземен магацин за оружје во селото Дељатин, на југозападот од Украина. Како што се додава од руска стрсана, ова е првпат да биде употребена таква ракета.
Ракетите „Кинжал“ се исфрлаат од борбени авиони од типот МиГ-31. Според руски наводи, ракетите може да погодат цел на оддалеченост до 2000 километри, притоа заобиколувајќи ги сите системи за противвоздушна одбрана. Ракетите летаат со брзина од над 6000 километри на час.