Улични борби се водат во центарот на Мариупол, изјави денеска градоначалникот Вадим Бојченко. Според него, борбите ги попречуваат напорите за извлекување на неколку стотици луѓе кои се блокирани во подрумот на театарот, за кој украинските власти тврдат дека Русија го бомбардирала во средата, а Русите возвратно обвинуваат дека е урнат од нацистите од АЗОВ.

Бојченко кажа дека специјални тимови можат да ги расчистат урнатините и да ги заштитат луѓето само ако прекинат борбите. Луѓето кои останаа во градот Мариопол велат дека сликата со секој поминат ден е се пострашна, стравуваат за нивните животи.

-Одвртано е, нема да обвинувам никого, мене ми е многу страв и секој ден ми е се постудено. Никогаш не очекував дека ќе го доживеам ова во мојот живот – велат некои од жителите.

-Поминавме два дена во подрумот, таа болна жена, мора да се грижам за неа за да преживее. Ние сме тука покриени со кебиња, многу е студено, сакам да си одам дома – додаваат други.

Украинскиот претседател Зеленски уште еднаш повика на итен прекин на конфликтот, порача дека е дојдено времето за средба, време за разговор.

-Време е да се сретнеме. Време е да разговараме. Време е да се врати територијалниот интегритет и правдата за украина“. Преговорите за мирот, за безбедноста за нас, за Украина – значајни, искрени и без одлагање – се единствената шанса за Русија да ја намали штетата од сопствените грешки“.