Русите се неверојатно немилосрдни со тестирањата на нивните машини.
Откако неодамна беа тестирани бетонски тркала за Лада, овојпат на тест беше подложен моторот на ова руско возило.
Слични тестирања досега докажале дека ладите се отпорни и сигурни, а често биле ставани на тестови за какви во другите делови од светот не им паѓа на памет.
Еден од таквите тестови е и бетониран мотор на Лада. Откако се почека да се стегне бетонот следува обид да се стартува моторот.
Верувале или не, моторот на Лада запалил, навистина на туркање, но бетонираниот мотор запали.
Погледнете го тестот на видеото и сами уверете се.