Обвинителката и шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска денеска ексклузивно за ТВ 21 најави голема истрага.
Во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 таа посочи дека подоцна вечерва ќе има соопштение од страна на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за кое смета дека јавноста ќе биде заинтересирана.