Индискиот јога учител, мистик и автор, Јаги Васудев, познат и како Садхгуру, одговара на прашањето која е смислата на животот:
Зар не би било фантастилно ако нема смисла, ако нема цел во животот и тогаш едноставно можеш да живееш? Зар не? Но, не, ти сакаш цел во животот, смисла, и тоа не било каква туку дадена од Бога. Луѓето кои мислат дека имаат цел зададена од Бога, ги вршат најсуровите нешта на светот.
Да или не? Тие ги вршат најстрашните работи и секогаш ги вршеле најстрашните работи. Зашто кога имаш смисла, цел, зададена од Бога, овдешниот живот е помалку вреден од таа цел и смисла. Но, животот е важен, а кога велам живот, не мислам на вашата фамилија, вашата работа, тоа што правите, тоа што не го правите, вашите забави и журки. Не зборувам за тој живот. Тоа внатре кај вас е живот, зар не? Дали е животот во вас или околу вас?
Животното опкружување, вие животното опкружување го сфаќате како живот. Вашиот дом, вашето семејство, вашето работно место, вашите журки – се тоа е животна средина, амбиент, тоа не е живот, зар не? Да или не? Вие го мешате амбиентот со вистинското нешто. Не. Животот е важен затоа што е единственото нешто што го знаете, не знаете за ништо друго. Дали знаете нешто друго? Се друго е измислено, зар не? Битно е само што ова чука, внатре, и е живо, и тоа е се што постои. Па, дали е тоа важно? Тоа е нешто најважно. Не вие како личност, тоа не е битно, но вие како парче живот, тоа е многу важно, бидејќи тоа е основа на се. Кога кажувам основа на се, универзумот за вас постои, само бидејќи вие постоите, зар не? Да или не? Универзумот постои само бидејќи вие постоите, инаку не би постоел во вашето искуство. Во секој случај тоа е важно.
Што е целта на ова? Видете, ако имате некоја цел и ја остварите, што ќе правите после тоа? После тоа, што ќе правите? Ќе ви биде досадно, зар не? Поради тоа животот е толку сложен, така што и да потрошите 10.000 години внимателно проучувајќи го, се уште не би го запознале целосно. Да потрошите и милион години внимателно проучувајќи го со целосна концентрација, пак нема да го запознаете целосно. Така стојат работите. Има ли во тоа смисла?
Најдоброто нешто во врска со животот е тоа што нема смисла, ова е најдобриот аспект за животот, дека нема смисла и дека нема потреба да има смисла. Поради кратковидноста на човековиот ум, човекот и понатаму ја бара смислата на животот, бидејќи психолошки не се чувствува поврзан со животот ако нема цел и смисла.
Луѓето константо се обидуваат да си создадат лажни цели. Им било сосема добро и биле среќни. И одеднаш се венчале и сега целта е другата личност. Потоа добиваат деца. Сега стануваат несреќни еден со друг. И сега целата причина поради која што одат низ оваа мака е поради децата. И така тоа продолжува. Тоа се нешта кои сами ги предизвикувате и ги држите како цели во животот, а дали постои цел дадена од Господ?
Што ако Господ не знае дека постоиш? Не, само прашувам случајно. Сакам да кажам во оваа огромна вселена чиј творец треба да е Бог, исто така и надзорник на овие 100 милиони галаксии и помеѓу се тоа и оваа мала планета и ти…? Да речеме дека Бог не знае дека постоиш, тогаш што? Можно е или не? Жал ми е што кажувам такви сакрални работи, но дали е можно или не? Што ако не знае дека постоиш? Што ако нема никаков план за тебе? Да претпоставиме дека нема некој посебен план за тебе, не барајте такви работи. Оваа креација е направена така што креаторот и креацијата не можат да бидат одделени. Вие сте дел од креацијата, а во исто време во вас пулсира изворот на таа креација. Ако обрнете малку внимание на овој животен процес, нема да ви е потребна цел, ќе ве држи зафатен и милион години, ако сакате. Толку многу се случува. Толку многу значи, многу неверојатни нешта се случуваат баш тука. Внатре. Ако посветите доволно внимание, ќе бидете зафатени милион години, па дури и повеќе. Моментално потребата за цел дошла затоа што сте затворени во вашата психолошка структура, а не во вашиот животен процес. Вашата психолошка структура функционира врз основа на ограничените собрани податоци. И моментално вашите мисли и емоции станале далеку побитни од вашиот живот. Не е ли така?
И поради ова ваша цел е да избегате од оваа замка која сте ја направиле самите себеси. Можете едноставно да излезете од замката. Ако замката била поставена од некој друг, тогаш би било потешко да се излезе, затоа што тој ќе ја направи замката за да не можете да избегате, зар не? Зборувам за живот, не за брак, да појаснам. Тоа е замка поставена од самите себеси и можете лесно да излезете, но еве во што е работата: Вам ви е тешко да излезете откако сте ја идентификувале замката, зашто ви се допаѓа. Ви се допаѓа бидејќи ви дава чувство на сигурност и заштита и личен идентитет. Ако изградите кожурец околу себе, тој ќе ви даде заштита, но истовремено ќе бидете во зандана.
Всушност тоа ќе биде самозатворање. Кога кожурецот ве штити – го сакате. Кога ве затвора – не го сакате. Затоа постојат вратите. Ги сакаме ѕидовите, бидејќи не штитат, ни даваат чувство на сигурност, но има и врата низ која можеме да излеземе. Колку и да ни е убаво внатре, сепак можеме да излеземе кога ќе посакаме. Така стојат работите со секоја замка што ќе ја изградите. Така што, психолошкиот ѕид кој сте го изградиле, кој ви дава некакво чувство дека сте личност, и кој ви дава сигурност почнувате да го доживувате како замка. И сакате да излезете. А еден од начините да не го пробиете ѕидот е да најдете смисла. Тие кои ќе најдат смисла во својот живот, се вообразуваат. Ќе живеат во својата замка засекогаш, мислејќи дека прават нешто фантастично.
Затоа прво нешто што ви е потребно е балансот, рамнотежата. Тогаш можете да се качувате. Ако немате рамнотежа, подобро е да останете на земја, зар не? За некој кој не избалансиран, не е добро да се качува. Значи прво треба да постигнете рамнотежа, па потоа да го олабавите вашиот психолошки склоп. Тогаш е извонредно нешто. Ако го олабавите вашиот психолошки склоп без да постигнете рамнотежа, а тоа го прават многу луѓе… видете, зошто некој има потреба да пие алкохол или да конзумира дрога? Затоа што му олабавува психолошкиот склоп и се чувствува слободно, за кратко, но го нема потребниот баланс. Не се потрудил да го стекне, а постигнал слобода. Слободата без урамнотеженоста е пропаст, хаос.
Знали, прво непто е да се постигне рамнотежа, силно чувство на рамнотежа, па потоа дури и кога ќе го олабавите вашиот психолошки склоп, можете сосема убаво да живеете. А расклопувањето на вашиот психолошки склоп е мошне битно, тој е вашата замка. Ако ја размонтирате вашата замка, ја размонтирате и вашата сигурност. Со тоа ја снемува и вашата цел, вашата смисла, и се што ви е важно. Затоа ви е потребен балансот, зашто без тоа ќе полудите.
Но, не барајте цел и смисла во животот, зашто тогаш трагате по лудило. Ако ја најдете смислата, тогаш сигурно сте луди. Ако мислите дека сте ја нашле смислата на животот, бидете сигурни дека сте полуделе. Зашто само умно пореметените луѓе имаат смисла. Тоа се работи што ги креирате во вашиот ум и мислите дека се вистина. Во овој момент „борбата за мојата татковина ми е смисла во животот“. Видете, ако е тоа неоходно, ќе се борам, но знам дека тоа е непотрбно проливање крв. Ако го знаете тоа, ќе војувате само толку коку што е неопходно. Но, ако мислите дека тоа е вашата смисла, тогаш ќе војувате и ќе посакате да го унишите целиот свет заради таа бесмилица во која верувате. Кога нешто е потребно, тогаш тоа ќе направите со целосно ангажирање. И толку.
Нема друга смисла. Смислата на животот е да живеете, потполно. Тоа не значи журка секоја вечер. Да живеете целосно значи да ги испитате сите аспекти на животот пред да умрете. Ништо да не остане неистражено. Да? Дури и да не ја истражите сета вселена, истражете го барем ова парче живот. Толку можете да сторите за себе, зар не? Направете го тоа. За тоа ќе ви треба многу време. И тоа е доволно дорба смисла на животот за вас.