Голема маса од луѓе го пречекаа ковчегот со телото на починатиот митрополит на СПЦ, Амфилохие во Подгорица, главниот град на Црна Гора.
Збиени еден до друг, без дистанца, и без почитување мерките за носење заштитна маска, среде пандемијата и деца освен возрасните го целиваа мртвото тело на митрополитот кој почина од Ковид-19.
Многумина се обидуваа да го допрат ковчегот, други ставаа цвеќе во отворениот сандак, а присутни беа и многу деца кои го бакнуваа починатиот митрополитот црногорско-приморски Амфилохије во Храмот на Христовото воскресение во Подгорица.
На социјалните мрежи следуваа многубројни негативни коментари, за тоа што се случуваше, а еден од коментарите беше дека ова е „масовна вакцина на Србите во Црна Гора“.
Амфилохие од 5 октомври беше во лоша здравствена состојба и беше хоспитализиран во болницата во Цетиње, потоа префрлен во Клиничкиот центар во Подгорица.
Тестирањето покажа дека бил заразен од коронавирус.