Во интервју Такер Карлсон и сенаторот Рон Џонсон, кој сега е претседавач на Поткомитетот за истраги во Сенатот, зборуваат за настаните од 11 септември 2001 година кога два авиони грабнати од терористи удрија во кулите близначки во Њујорк, а подоцна, сама од себе се урна и зградата 7, без никаква причина за тоа. Карлсон и сенаторот Џонсон се обидуваат да расчистат дел од дилемите околу тоа, иако мистеријата останува.
МИА пренесува дел од ова интервју во целост:
Карлсон: Пред некој ден отворивте прашања засновани на наука околу клучен настан од американската историја пред 24 години, 11 септември. И поставивте прашање што мислам дека секој чесен човек би го поставил, дека во зградата 7 не удрил авион. Зошто истата паднала на истиот начин како и првите две кули? Значи го поставивте прашањето, а еве ќе го прочитам и одговорот на еден републикански конгресмен, нов член – Мајк Лоулер од Њујорк, веројатно не го знаете. Цитирам, „Сенаторот Џонсон треба да престане да си игра со конспиративни теории околу најстрашниот терористички напад во историјата на нашата нација и кој засекогаш го промени животот на толку многу мои сограѓани. Вакво ѓубре претставува непочитување на изгубените невини животи, храбрите луѓе од тимовите за брза реакција, како и сите семејства и преживеани кои се уште ја носат во себе болката од 11 септември секој ден.“ Претпоставувам дека Лоулер бил во средно школо кога се случи 11 септември, изгледа дека не е вистински претставник на Њујорк, но поентата е, зошто лично би ве нападнал заради поставување на најочигледното прашање, нешто што се заснова на наука?
ЏОНСОН: Единствената причина зошто го третирам ова е бидејќи тогашниот претседавач со Поткомитетот за истраги, сенаторот Блументал, сега јас сум претседавач, сакаше да истражи околу преговорите на Саудијците со ПГА (Професионалната асоцијација за голф), и знаете дека го прави тоа бидејќи е од Конектикат и таму има семејства погодени од 11 септември кои сакаат да ја знаат вмешаноста на Саудиска Арабија, што е валидно. Јас бев против бидејќи сметав дека тоа се преговори во приватен сектор, но тој сепак го направи тоа. Пред јавното сослушување ме сретнуваат членови на семејствата низ ходниците на Конгресот и ми покажуваат редактиран документ што го добиле од ФБИ во однос на вклученоста на Саудијците во 11 септември, она што ние го знаеме. Ме прашуваат, дали можете ова да го декласифицирате, сакаме да знаеме што знае владата околу оваа работа. Ова се случува 20-тина години по 11 септември и веројатно е време да се направи тоа. На сослушувањето го прашувам сенаторот Блументал дали би ми се придружиле во барањето до администрацијата на Бајден за овие информации. Моравме да го направиме тоа бидејќи семејствата ги бараа одговорите.
КАРЛСОН: Зошто се овие информации се уште класифицирани, па тоа беше пред 24 години? Тој настан целосно ја промени нашата земја и животот на секој Американец, како што тврди самиот Лоулер. Зошто нашата влада би продолжила да лаже околу тоа?
ЏОНСОН: Не можам да дадам одговор на ова прашање. Само можам да кажам дека отвора сомнежи. Почнувате да добивате информации и си велите, па тоа е чудно, гледате како паѓа зградата 7 и си велите вакво рушење е можно само ако ги демолирате сите носечки конструкции истовремено. Тоа беше малку чудно. Што повеќе документарци гледам за ова, така добивам се повеќе информации. Луѓе како Ричард Гејџ од архитектите за вистината околу 11 септември, тие те хранат со информации, и тогаш поставуваш многу прашања и сфаќаш дека има многу работи што останале неодговорени. Се нема случено зграда со челична структура да се сруши поради пожар, туку само зградата 7.
КАРЛСОН: Добро, нема многу згради во кои удира патнички авион. Но се прашувате нели? Зградата 7 не беше удрена од ништо. Всушност е доста оддалечена од другите кули, не е веднаш до нив, туку на стотици метри од нив. Ја удрија рушевините, се запали и потоа се сруши, и тоа го видовме на камера. Тоа не беше ниту спомнато во извештајот за 11 септември, зградата 7 не беше спомената.
ЏОНСОН: Исто така имате луѓе, како на пример Греам Меквин, кој го истражил ова и нашол снимка од местото на настанот. Има 156 сведоци, од тимовите за брза реакција, кои велат дека слушнале експлозии пред да се срушат зградите. Има многу неодговорени прашања и работи што не можат да се објаснат. Има повеќе легитимни прашања, некои остануваат неодговорени, сите ставени под тепихот. Гледате известувачи кои зборуваат за експлозии, а веќе следниот ден нема ништо.
КАРЛСОН: Велите вашиот колега сенатор Блументал од Конектикат го покренал ова на различен начин и не се прашувавте што се случило со зградата 7?
ЏОНСОН: Не, никогаш. Никогаш и немав слушнато за тоа, само дека двете кули се срушиле. Не сум њујорчанец, сите бевме погодени од тоа и сите видовме како се срушија. Рековме ова го промени светот, и навистина го промени. Повеќе од било кој друг настан. Ова е клучен настан во нашите животи. И фактот дека има толку неодговорени работи и дека администрацијата на Буш толку се противеше да имаме комисија за 11 септември, и дека комесарите велеа дека таа беше создадена да не успее, па потоа тука е и Боб Кери, кој рече дека ова е 30 годишен заговор. Можам да продолжам да бескрај.
КАРЛСОН: Сенаторот Кери го рекол тоа? Од Небраска? Истиот тој што има добиено орден за Виетнам?
ЏОНСОН: Да, само рече дека ова е триесетгодишен заговор. Што значи тоа? Никој не дозна. Интересно е колку легитимни прашања има што остануваат неодговорени. Се што имам се прашања, немам одговори.
KАРЛСОН: Разбирам, се чувствувам исто. Немам поим. Немам никаква теорија за ова. Но прашањето ми е преку ноќ се заинтересиравте за ова?
ЏОНСОН: Да, ова не беше нешто што сакав да го истражувам. Тоа е нешто како Боби Кенеди, начинот на кој се заинтересира за вакцините за деца. Држеше говори за животната средина и многу мајки присуствуваа, потоа една од мајките дозна каде живее, го посети со куп научни материјали што тој знаеше да ги чита бидејќи беше адвокат за животна средина и мајката рече нема да си замине додека Кенеди не ги прочита документите. Ги прочита и откако му се отворија очите веќе не можеше да ги затвори колку и да сакаше да го направи тоа. Знаете, особено со детските вакцини. Фејсбук ги избриша сите вакви групи кои беа единствена утеха за некои од повредените од вакцините и потоа тие почна се самоубиваат бидејќи ја губат таа социјализација што ја добија со овие групи. Ако го погледнете документарецот Vaxxed и ги видите родителите кои имаат снимки од совршено нормално дете. Потоа го носат на редовен преглед, го вакцинираат и истата ноќ качува висока температура, има треска … Сега имаат 26-годишен син кој е екстремно аутистичен, не може да зборува, се однесува лошо, мислам, едноставно е ужасно. И ако ја погледнете статистиката, тешко е да се потврди, но знаеме според податоците на ЦДЦ (Центар за болести на САД, н.з.), се движат од 10.000 спрема еден, па стотици спрема еден, а сега е околу 30 спрема еден. Патем, истовремено, тие всушност и ја ограничија дефиницијата за аутизам, не ја проширија, ја ограничија. Што го предизвикува ова? Откако креаторите на документарецот тргнаа на турнеја за премиерно да го прикажат филмот, и други родители почнаа да им пристапуваат, па почнаа да ги снимаат нивните приказни и имаат нешто околу 10.000 речиси идентични приказни од родители, од деца што биле совршено нормални. Имаат видео за да го докажат тоа. Потоа погледнете го растот на синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња наспроти проширувањето на распоредот за вакцинација. Да повторам, јас не сум доктор, не сум медицински истражувач. Едноставно очите ми беа отворени за тоа колку само информации и прашања се потиснати. Не смеете ни да ги поставите. Секој што го прави тоа е маргинализиран, оцрнет, дискредитиран, и така се борат против ова. Не се борат со вистината. Знаете, секогаш ги викав федералните власти на моите јавни настани, секогаш ги викав директорите од големите фармацевтски компании да дојдат и да се бранат. Ова е отворен форум, ќе ви дадам многу време, ќе бидам многу фер, кажете ја вашата страна, сакам да слушнам од вас. Но не прифаќаат. На поборникот за вакцини Питер Хоц му беа понудени околу два милиони долари да седне и да разговара, не со доктор, со адвокат, само да дебатира со Боби Кенеди, и не сакаше. Што ви кажува тоа?
КАРЛСОН: Да се вратиме на 11 септември. Како повеќето луѓе никогаш не сте размислувале премногу за тоа, па ниту јас. Дури им викав на сите што поставуваа прашања за ова. Всушност ги разбирам луѓето што не сакаат да слушнат за ова. Но, сега откако сте го истражиле ова и рековте дека немате кохерентна теорија за тоа што се случило, но имате многу прашања. Кои прашања најмногу ве мачат?
ЏОНСОН: Па, почнува со зграда 7. Кога ќе ја погледнете и едноставно помислите дека ова е навистина чудно. Се руши баш како проекти за уривање на згради. Има документарец од професор по градежно инженерство од Алјаска кој прави четиригодишна студија за ова. Прилично добро ја побива анализата на Националниот институт за стандарди и технологии (НИСТ). Не мора да сте градежен инженер да кажете ова навистина нема смисла. Кога ќе почнете да размислувате за тоа на која температура се топи челикот – знаете имаше стопен челик во кулите близначки, не сум сигурен дали имаше и во зграда 7, велат еден столб се проширил и тоа е она што ја срушило целата зграда. Но не би се срушила толку симетрично, не би имале слободен пат. Потоа имаше и еден човек, мислам дека се викаше Бери Џенингс, тој беше таму, се качил таму, и некој му викнал да излезе, буквално предвидел дека ќе се сруши, иако челична зграда никогаш не се срушила поради пожар бидејќи се заштитени од тоа. Слушнал експлозии, се симнал на шестиот кат и морал да се врати на осмиот бидејќи нешто било разнесено. Што го предизвикало тоа?
КАРЛСОН: Таа зграда не беше удрена од авион.
ЏОНСОН: Не. Мислам дека беше оштетена, но дури и НИСТ вели дека не била значително оштетена од падот на кулите близначки. Повторно има толку многу работи на кои можете да потрошите доста време. На пример, знаете, пепелта содржи остатоци од изгорен и неизгорен термит од воен квалитет кој се користи за уривање згради, има и наночестички од термит. Потоа ги имаме сите овие метални, железни сфери кои се формираат само при екстремни температури. А горивото од авионите мислам дека гори под илјада степени Фаренхајт. Ништо не се совпаѓа – структурно, од аспект на основно инженерство и основна физика, не се совпаѓа.
МИА