За нас зборот важи, се грижиме за граѓаните и градиме фер и праведно општество, истакна на денешната прес- конференција, Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ.
– Како одговорна партија посветено ги реализиараме ветувањата од Програмата кои го подобруваат животот на граѓаните. Вчера Владата предводена од СДСМ го усвои Предлог Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост, во јавноста познат како Закон за стечајци. Со Предлог – законот, се проширува опфатот со нови 1.000 стечајни работници на кои им се решава статусот со месечен паричен надоместок до моментот на нивно пензионирање. Досега со овој закон обесштетени се 11.000 стечајни работници кои добиваат месечен надоместок од околу 8.200 денари до нивно пензионирање, рече Шахпаска.
Со новите измени, додаде таа, вкупниот број на опфатени стечајни работници ќе биде 12.000.
– Преку оваа мерка исправаме долгогодишна неправда нанесена кон наши сограѓани, кои не по своја вина останале без работа и без месечни примања. Заложбите на СДСМ за решавање на децениските проблеми и обезбедување фер и праведно општество се реализираат. Се грижиме за граѓаните. Низ конкретни мерки градиме фер и праведно општество што дава шанса на сите, преку активни политики обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните и достоинствени услови за живот за сите. За нас, зборот важи, заклучи Шахпаска на крајот од прес-конференцијата.