Европскиот ракометен шампион Вардар денеска играше шампионски, но на исто ниво навиваа и Комити во салата Јане Сандански во скопски Аеродром.
Вардар се врати на победничките патеки во Лигата на шампионите по триумфот против Брест Мешков.
Трибините во Јане Сандански беа исполните, а навивачите имаа свој ден. Предводени од верните Комити, публиката направи прекрасна атмосфера, а ракометарите вратија со одлична игра на теренот.