Македонската каратистка Нина Ѓорѓевиќ стана европски сениорски шампион откако претпладнево триумфираше со 5:0 против Изабел Каларасу од Романиај во финалето на Европското карате шотокан првенство во Скопје.

Машкиот ката тим Македонија 2 е вицешампион во сениори, бидејќи во борбата за златото загуби од Турција 1:4, а женскиот ката тим Македонија 1:2 го освои бронзениот медал во сениорска конкуренција.

Најуспешна барем засега е репрезентацијата на Азербејџан со 173 медали – 63 златни, 43 сребрени и 67 бронзенни, следи Романија 204 (52-55-97), Турција 73 (22-17-44), Молдавија 51 (14-13-24), Македонија 47 (11-14-22) итн.