Македонија за време на мандатот на бившиот премиер Зоран Заев преживеа тешки трауми и тешки фрактури на (не)правдата.
Долго време беше граден култот на Св. СЈО и омразата кон претходниот „режим“. Од видеото што го објавуваме може да се види само мал дел од заблудите во кои беа доведени граѓаните на Република Македонија, на нејзиниот пат кон ЕУ, НАТО и „бесплатно здравство за сите граѓани од земјава во цела Европа“.
Граѓаните, и верниците во Св. СЈО и тие што не веруваа во таквите божества, денес може да погледнат до каде стигнавме со паролите „нема правда нема мир“ и колкави количини правда испорача тн. шарена револуција и власта што долета на нејзините крилја.
Видеото е од протест за поддршка на Св. СЈО и против „режимот“, а може да го погледнете ТУКА.
(Д. Г.)