Вчера во Ливерпул се одржа втората полуфинална вечер на Евровизија 2023 година, а свој настап имаше и Албанија и нивната претставничка Албина и нејзиното семејство, фамилија Келменди.
Таа и нејзиното семејство се со потекло од Косово, поточно од местото Пеќ, а откако се отселила во Албанија започнала својата музичка кариера уште од 16 годишна возраст.
Израснала во музичко семејство, а на сцената вчера настапи со својот брат, сестра, мајка и татко, а како што вели дома останале само двете нивни кучиња, златните ретривери.
Таа изјавила дека би ги земала и нив, но не било дозволено животни на сцената…
Во една своја изјава за време на престојот во Ливерпул изјавила дека Косово и Албанија се како брат и сестра, а нивната мајка е голема сјајна Албанија.