На социјалните мрежи кружи видео од лице, вработено како анестезиолог на Гинекологија во тетовската болница, во живо на Тик Ток снимал жени – пациентки во една од салите, објави ТВ 21.
ТВ 21 го верификуваше видеото и потврдено е дека е снимено во тетовската гинекологија, а лицето што го направило видеото е ангажирано на одделението каде се прекинува бременоста.
Случајот не бил пријавен во полиција, но директорот на одделението откако дознал за случајот се упатил во Секторот за внатрешни работи за да го пријави.
Став побаравме и од МВР, но оттаму рекоа дека без демонстрација и до „документирање на случајот“ не можат да излезат со став за казнените мерки.
ТВ21 му испрати порака и на лицето кое го снимаше ова видео, но тој се уште не вратил ниту еден одговор.
Врз основа на законот за здравствена заштита, пациентите имаат право на заштита на приватноста, а врз основа на овој случај, очигледно вработениот си ги прекршил правилата на болницата.
По објавувањето на ТВ21 за веста со скандалот во тетовската болница каде вработен анестезиолог на Гинеколошкиот оддел во Тетово во живо на Тик Ток снимаше пациентки по сали, се огласи и директорот Пелумб Вела, кој го пријави овој случај во полиција.
Тој од пред СВР Тетово за ТВ21 нистакна дека го осудува овој случај и дека очекува органите на прогонот што побрзо да го решат овој случај.
реклама
– Јас како директор сега сум во СВР Тетово да го презентирам случајот и во најбрз можен рок ќе го решиме ова прашање со органите на прогонот. Овој настан за нас не е разбирлив и го осудуваме секое непрофесионално однесување на медицинскиот персонал кон пациентите, рече Вела.
Видеото на ТВ 21 може да го отворите ТУКА.