На социјалните мрежи вечерва се шири видео од кое може да се види револтот на македонската публика на концертот во Велес, каде настапуваше српската турбо-фолк пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ.
Таа, во еден момент, завиткана во бугарско знаме се појави на сцената, а публиката бурно реагираше со свирежи и извици „уа“, по што таа го тргна од себе бугарското знаме.
Како се најде бугарското знаме ворацете на српската турбо-фолк ѕвезда засега е нејасно. Таа на сцената продолжи да пее завиткана во знамето, додека целата сала го надгласуваше силното озвучување со свирежи и негодување.
На социјалните мрежи, исто така, има бурни реакции провокацијата и скандалот што се случи на концертот на Цеца.
Концерот се одржа синоќа во спортската сала Гемиџии во Велес.
По инцидентот, како што пренсоа повеќе медиуми, српската пејачка наместо да остане во Македонија како што било планирано, веднаш заминала за Белград.
Таа подоцна се огласи со изјава, објаснувајќи дека нејзиниот гест бил погрешно сфатен и дека немала намера да навреди никого.
„Не е ништо необично што секогаш со радост го прифаќам секое знаме од мојата публика, затоа што тоа е мојата публика, мојот народ, моите луѓе. Нас нè поврзува љубовта кон песната, без разлика од каде кој доаѓа. Жал ми е ако тој гест некого повредил, тоа навистина не ми била намерата, а особено не да ги навредам или повредам домаќините. Верувам дека тоа го знаете“, изјави пејачката.
Видеото може да го погледнете ТУКА.




