Пожарот во Трубарево е изгаснат, нема активно горење.
Видеата од истото место направени вчера и денес покажуваат дека пожар денес нема, но има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот од затрупаните места.
Преостанува да се дозатрупа уште дел од опожарената површина.
Пожарот во Трубарево избувна вчера пред 14 часот во складиште за рециклирање пластичен, електронски отпад и батерии.