Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги искористи собраниските микрофони за пратенички прашања да го пофали министерството на чие чело, (не)случајно е токму тој:
– Авионите се во функција, како и воздухопловите на АРМ и дополнително имаме воздухоплови на МВР, кои до годинава не можеа да бидат употребувани за гаснење пожари, а сега се оспособени и со персонал, рече Спасовски од партиската говорница и ова го објави на својот официјален профил на Фејсбук.
А утрово директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, беше малку поискрен и „му се заблагодари“ на небото и дождот кои синоќа ги изгаснаа пожарите во Македонија.
Видеото на Спасовски кое трае речиси 10 минути, ако имате трпение, може да го отворите ТУКА.