Италијанскиот вулкан Етна, највисокиот и најактивниот вулкан во Европа, синоќа еруптираше на спектакуларен начин, осветлувајќи го небото во ноќта со светло-црвена растопена лава.
Ерупцијата, со центар на југоисточниот кратер на вулканот, на надморска височина од околу 2.900 метри, напласти пепел и облаци од чад на надморска височина од 8.000 метри, јави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.
Британските медиуми пренесуваат дека се уште нема извештаи за повредени и материјална штета.
Вулканот, висок 3.330 метри, еруптира и до неколку пати годишно, исфрлајќи лава и пепел високо над медитеранскиот остров Сицилија.
Најголемата ерупција на овој вулкан се случи во 1992 година.