По барање на УНЕСКО во Охрид започна отстранувањето на палмите долж Охридското Езеро, изјави денеска градоначалникот на Охрид Константин Ѓеорѓиевски.
Како што објави и Гласот на Америка, „по сериозните критики кои стигнаа на адреса на Охрид и можноста регионот да се најде на листата на загрозени подрачја на УНЕСКО, со градежна механизација започна отстранувањето на неавтохтоните дрва палми“.
И тука пак се повторува „вината“ на поранешната власт дека со палмите го загрозило автентичниот амбиент на Охрид, а никаде не се споменуваат дивоградбите и минарето на џамијата кои се градат.
По барање на УНЕСКО во Охрид започна отстранувањето на палмите долж Охридското езероПосле сериозните критики кои стигнаа на адреса на Охрид и можноста регионот да се најде на листата на загрозени подрачја на УНЕСКО, со градежна механизација започна отстранувањето на неавтохтоните дрва палми. Во 2016 година за време на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ на повеќе локации во Охрид, долж Охридското езеро беа засадени 200 палми, а само една чинеше 500 евра. Истите беа донесени од Кина, но поради несоодветната клима голем дел од нив се исушија и уште тогаш беа отстранети. На нивно место се засадуваат локални дрва, јасен и јавор.Градоначалникот на Охрид, Константин Ѓеорѓиевски рече дека сето ова се прави по барање на УНЕСКО, односно во согласност со препораката под реден број 19, која беше нотирана од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.Мики Трајковски