Избегната е катастрофа со навременото гаснење на пожарот што вчера пламна во кругот на старата фабрика Порцеланка во Велес.
Дирекорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вели дека благодарение на брзата и пожртвувана реакција на храбрите велешки пожарникари избегната е голема трагедија во кругот на поранешна велешка Порцеланка.
-Огнот беше сопрен на само стотина метри оддалеченост од цистерни и склад со повеќе од 80 тона плин, истакнува Ангелов.