Влечугите во овој период од годината се повлечени во своите дувла, но денешната снимка од кичевското село Белица потврдува дека топлата есен се уште не ги „успала“ животните кои хибернираат.

На видеото објавено на страницата на Белица на Фејсбук може да се види се уште активна змија во овие краишта.

– Замислете денес на 8 ноември како и изминатите сончеви топли денови може да се забележат вака убави животинчиња по патиштата во нашиот крај. Ако ги задираш спремни се и да те апнат, пишува во објавата на Белица.

Откако е снимена змијата е пуштена да си го најде местото во кое ќе ја мине зимата, а видеото можете да го погледнете на линкот што го објавуваме под текстов.

https://www.facebook.com/belica.mk/videos/363303754774414