Македонците во Албанија во последните години се соочуваат со агресивна политика од страна на Бугарија за нивна асимилација, објави денеска пратеникот во албанскиот парламент, Васил Стерјовски.
– Оваа бугарска политика на терен последните години се одвива со молчење на Албанија, во повеќе наврати и со нејзина помош, се со цел Албанија да не биде попречена од страна на Бугарија, за да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ. Така и беше признато непостоечко бугарско малцинство во 2017 година, без исполнување на ниту еден критериум за постоење на едно малцинство, кога Албанија во последен момент попушти пред заканите на Бугарија за вето за започнување на преговорите за членство во ЕУ, пишува Стерјовски.
Во емисијата „Конак“ на албанската телевизија СОТ7 зборува за напорите на Бугарија за асимилирање на Македонците во Албанија.
Целото видео со превод на македонски јазик може да го погледнете ТУКА.