Италијански, бугарски и француските документи од 1923 година, потврдуваат дека населенито во пограничниот регион помеѓу Албанија и Македонија се чуствувале и се изјаснувале како Македонци, и покрај тоа што во тој историски период немало македонска држава.

Ова го истакнува Васил Стерјовски, еден од најактивните пратеници во законодавниот дом на Албанија, во гостувањето на албанската ТВ Топ Чејнл.

-Негаторите на македонскиот народ тврдат дека Тито ја измислил македонската нација во 1944 година. Во мојот настап во емисијата “Топ Стори” на албанската национална телевизија Топ Чанел, изнесов италјански, бугарски и француски документи од 1923 година, со кој се потврдува дека населението во пограничниот регион помеѓу Албанија и Македонија се чуствувало и изјаснувало за Македонци, иако во тој период немаме македонска држава, вели Стерјовски.

Тој е првиот пратеник во Парламентот на Албанија, кој доаѓа од партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), пратеник кој јавно се декларира како Македонец во Албанија и се залага за правата на Македонците во оваа соседна земја.

Во видеото, кое е титлувано на македонски јазик, погледнете повеќе поенти од гостувањето на Стерјовски на албанската ТВ.

https://www.facebook.com/vasil.sterjovski/videos/10212647343792047/?t=15