Три години Зоран Заев свесно ја манипулираше јавноста дека наводно била промашена трасата притоа ширејќи лажни вести, реагира денеска од ВМРО-ДПМНЕ, по вчерашната изјава на Благој Бочварски дека Заев и СДСМ лажеле кога велеле дека е промашена трасата на автопатот Кичево – Охрид.

– Власта на Заев и СДСМ лажеа дека е промашена трасата и на тој начин без тендер за анекс на договорот за градба испумпаа нови над 180 милиони евра од буџетот на државата. Три години власта ја стопираше изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Три години изговор за неработата им беше дека била утната трасата. За на крај да можат да се задолжат за 180 милиони евра на штета на граѓаните. Три години автопатот не е мрднат од мртва точка. Како што е оставен во времето на ВМРО-ДПМНЕ така е и сега, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.