Условите во македонските затвори не се сјајни, но не се ни катастрофални, вели во интервјуто за А1он новиот директор на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ.

– Корупција има, мора да признаеме. Дури и мене се дрзнуваат да ми испраќаат непристојни понуди и обиди за да добијат некои поволности, но кај мене тоа не поминува никако. И решен сум да ја сузбијам корупцијата во корен, вели Стојановиќ.

Дали има повластени затвореници, се одмаздува ли некој на Боки 13 и на Јанкуловска, па се во лоши услови? Што е реновирано, а што не? Се само дел од прашањата на кои разговаравме со Стојановиќ.

– За да се санираат затворите треба да имаме простор, а сега сме преполни со затвореници. Пробацијата како средство прифатено во светот би било решение, вели Стојановиќ.

Тоа значи дел од затворениците да си одат дома, со што ќе се растоварат затворските капацитети. Стојановиќ вели дека е голем поборник оваа алатка да се користи што повеќе од страна на судиите и тој отворено ќе ја форсира употребата на пробацијата.

– Така и штедиме и на државата, а ќе имаме и поефикасни затвори, дециден Стојановиќ

Целото интервју за А1он може да го отворите ТУКА.