Се надевам дека исвиркувањето е на сосема друг сегмент, рече министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска во емисијата „Жешко политичко лето“ на ТВ Канал 5 во коментарот за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата на Рамковниот договор во Скопје.
– Провокации секогаш има и ќе има, но тоа не значи дека треба да останеме неми на ваква појава, иако верувам дека тие провокации не биле од чинители на власта. Се надевам дека исвиркувањето е на сосема друг сегмент, рече Стојчевска.
Таа не се извини во име на Владата, чија министерка е таа и која беше организатор на прославата на која се случи скандалот со исвиркувањето на македонскиот јазик
Исвиркувањето почна во момент кога водителката на прославата се обрати на македонски јазик пред присутните на плоштадот Скендербег во Скопје.