Д-р Питер МЕКОЛОУ, американски кардиолог и интернист
Верувам дека сум најобјавуваната личност што некогаш сведочела за прашања поврзани со КОВИД 19. Видов и прегледав повеќе пациенти. Испитав повеќе податоци. И сум еден од најобјавуваните луѓе на оваа тема во светот.
Сега темата денес е миокардитис или оштетување на срцето од вакцините против КОВИД 19. Јас сум кардиолог. Добро ја познавам темата. Прегледав илјадници пациенти со овој проблем. Илјадници. Пред пандемијата, имав двајца пациенти со овој проблем.
Има 1.065 трудови во рецензирана литература за миокардитис од вакцината против КОВИД.
Како пример ќе го наведам случајот на 42-годишен маж кој доаѓа во Универзитетската болница во Вашингтон со миокардитис од вакцина. Инфекцијата е исклучена. Работата е во вакцината. Тој е во болница. Ова е една од нашите најдобри болници во Соединетите Држави. Тој умира 3 дена по примањето на Модерна.
Следниов случај што ќе го наведам како пример е од Ј. Кореја, го објавија д-р Чој и неговите колеги. Станува збор за помлад човек кој доѓа во болница само неколку дена по примањето на Фајзер. Тој доаѓа во болница. Умира во рок од 8 часа откако е во болница. Јас сум кардиолог и можам да ви кажам тоа не се случува дури и со срцеви удари. Тој умре во рок од осум часа.
Ги испитав сите слајдови и сликите што Корејците ни ги покажаа. Изгледаше како некој да го изгорел тоа срце. Беше целосно изгорено од воспаление. Неговото срце беше уништено.
Овие случаи, кои беа широко познати во тоа време, требаше да го привлечат вниманието на сите. Никогаш не треба да дозволиме некој да умре по примањето вакцина.
Тука е и случајот од Конетикат, каде две момчиња на возраст од 16 и 17 години умираат неколку дена по примањето на вакцината против КОВИД на Фајзер. Тоа се тинејџери. Тие се пронајдени мртви дома од нивните родители. Заклучок: тоа е миокардитис предизвикан од вакцината против КОВИД на Фајзер.
Ова се случаи потврдени со обдукција. Ова е во рецензирана литература. Ова не е дезинформација.
Всушност можам да кажам дека од бројните случаи на починати на кои правевме обдукција по вакцинацијата, кај 73,9% од лицата беше утврдено дека вакцината била причина за смртта. Прв автор е д-р Хозер и колегите кои седат веднаш зад мене.
И кога зборуваме за ова, јавноста се јавноста се прашува за улогата на д-р Антони Фаучи и за тоа какви криминали можел да изврши? Во мојата книга „Храброст да се соочиме со КОВИД 19“, и во книгите на Роберт Ф. Кенеди и сенаторот Ран Пол и Питер Бреган, сите тие опишуваат два широки криминали на Фаучи и оние кои навистина биле вклучени, работната група на Белата куќа.
Првиот криминал е измама. Дека бевме измамени и мислам дека луѓето го прифаќаат тоа лесно. Но, следниот криминал е тежок и тој е масовно убиство од небрежност, што значи дека луѓето починале преку два механизма.
Едниот беше сузбивање на раниот третман со повеќе лекови со протоколи за лекови како протоколот Меколоу за кој знаевме дека е безбеден (протокол за лечење на КОВИД со ивермектин и други средства за рано лечење, н.з). Знаевме дека се ефикасни и имаат најдобри компаративни податоци. Тие беа поддржани од Здружението на американски лекари и хирурзи. Значи, имавме, знаете, консензус – консензус базиран на докази за ова. Тие беа потиснати.
А потоа вториот механизам беше дека луѓето умираапоради КОВИД вакцините. Тие не беа безбедни. Значи, додека седиме тука денес, гледаме околу 560.000 Американци кои починале од вакцината, а нема потврда од ниту еден од овие кругови. И тоа е криминал.