Пејачката Андријана Јаневска која заедно со Игор Џамбазов ја отпеа песната за бугарскиот фашистички масакр во тикевшкото село Ваташа е избрана за најдобра пејачка на светот.

– Чест ми е да Ве известам дека го освоив првото место на натпреварот организиран од ЗАДА рекордс (САД), на кој се избираше најдобар пејач/пејачка од цел свет во минатите неколку месеци. Ви благодарам на сите кои ме поддржувате, објави Јаневска денеска.

Таа заедно со Џамбазов песната за 12 убиени младинци од Ваташа кои биле убиени од бугарските фашисти ја отпеа на манифестацијата Златна буба Мара и потоа стана една од најпрегледуваните македонски песни на Јутјуб на сите времиња.