Талибанските борци кои ја презедоа власта во Авганистан отворија оган врз жени кои организираа демонстрации во Кабул, јави авганистанската новинска агенција Асвака.
Инцидентот се случил во близина на болницата на италијанската хуманитарна организација „Иргентс“. Нема информации за жртви.
Претходно Толоњуз (TOLOnews) објави дека група жени одржале протест во главниот град на Авганистан барајќи заштита на нивните права и подобрување на условите за живот.
„Ние сме гласот на гладните луѓе“, ги цитира каналот паролите на незадоволните жени. „Жените се разбудија, мразиме дискриминација“.
Според објавено видео, во демонстрациите учествувале неколку десетици луѓе.