Македонија се најде во квизот „Кој сака да биде милионер“ во кој водител е познатиот хрватски глумец Тарик Филиповиќ.

Прашањето во квизот беше: Што беше „продукт“ на состанокот на Преспанското Езеро во јуни 2018 година. Понудените одговори се: Источен Тимор, Западна Сахара, Јужен Судан и Северна Македонија.

– Цел свет прифати „северна“, а за мене секогаш ќе остане само Македонија, рече Филиповиќ.

Тој притоа искажа убави зборови за Македонија и Македонците, што може да погледнете и во видеото ТУКА.

https://www.youtube.com/watch?v=TjizX_BN6Mo&feature=emb_logo