Американскиот претседател Доналд Трамп е присутен на стадионот „МетЛајф“, каде се одржува финалето помеѓу Шпанија и Аргентина од Светското фудбалско првенство.

Се појавија снимки од хеликоптерите со кои Трамп пристигна во Њујорк да го следи од трибините мундијалското финале.

Во ВИП ложата на стадионот друштво му прави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, но ова што предизвика лавина коментари на социјалните мрежи е стаклото отпорно на куршуми кое се наоѓа пред американските претседател. По обидите за негов атентат во минатото, безбедносните служби не оставаат ништо на случајност и ги превземаат сите мерки за заштита на Трамп.