Состојбата со откупот на грозјето е алармантна. Бербата е во тек, а откупот нема или е по мизерни 6 – 7 денари по килограм. Ова е потврда за предадено грозје што го потврдува тоа, истакна на денешната прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски.
-Како дополнителен заменик министер во МЗШВ за време на техничката влада во месец февруари предупредив дека власта нема концепт како да го реши откупот на грозјето и аларамирав да се отпочне со изнаоѓање на решенија, но СДСМ не послуша. Предупредив дека ќе се соочиме со криза при откупот, зошто власта нема концепт. Дополнително на 25 мај поднесов Барање до секторот вино во МЗШВ и до ДИЗ да ми дадат податоци согласно закон, колку залиха на вино има во државата, барање на кое не ми беше одговорено. Тоа е податок според кој понатаму се прави стратегија за откуп, но кој власта одби да ми го достави. СДСМ немаше капацитет, а не прифати ниту помош. Ефектот денес е видлив – лозарите патат.
Наместо во винариите и пазарите грозјето завршува на буниште, вели Трипуновски.
Тој истакна дека пред десетина дена Премиерот Заев ги убедуваше лозарите дека проблемот е решен и целиот род ќе биде откупен.
-Но да погледнеме една видео снимка од реалноста денес во Тиквешијата. Ова почитувани граѓани е болната реалност која ја живеат лозарите. Цената по која им се откупува грозјето не е доволна ниту да ги покрие основните трошоци за производство, а дел од нив не можат да го продадат ниту по минимална цена па се принудени да го фрлаат на буниште. Лозарите се во континуирана штета. 4 години како што СДСМ е на власт проблемот е се поголем. Македонија со СДСМ само тоне. Лозарите ги оставаат без егзистенција.
Мафијата, криминалот и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат, нагласи Трипуновски.