Околу 300 камиони и градежна механизација се ангажирани за асфалтирање на најфреквентната сообраќајница во Москва, улицата Тверскаја.
Околу 8.000 тони асфалт положени се на површина од околу 32.000 метри квадратни, а реконструкцијата е реализирана за само еден ден.
Забрзаната снимка на оваа операција изгледа фантастично и може да послужи за пример како брзо се работи на фреквентни сообраќајници.