Изневерена жена во Кина удрила по автомобилот на сопругот во кој претходно тој бил со љубовницата, а случајни минувачи останале шокирани кога виделе бесна жена како крши автомобил, а некои и го снимиле настанот.

На почетокот на никого не му било јасно што прави жената, но наскоро им се разјаснило што се случува, сопругот ја изневерувал и тоа баш во тој автомобил.

Кога чуварот се обидел да ја спречи, таа се свртела и кон него.

– Ова е мој автомобил и вас не треба да ве интересира. Валкан е бидејќи мојот маж бил со љубовницата во колата. Кој сака да ми ја отвори хаубата, сакам и внатре да искршам се, викала жената.