Литар и пол шише Кока Кола, 3,49 лева или 1,75 евра (над 100 денари, кај нас, шише од 1,25 евра 60-64 денари), Фанта, иста цена.
Полномасно млеко, исто така 3,49 долари, исто како Кока-Кола.
Полуобезмастено, 3,25 долари лева или 1,63 евра (речиси 100 денари).
Локален путер, 6,49 лева или 3,25 евра или околу 200 денари.
Кашкавал, бугарскиот еквивалент на гауда, да речеме, или тврдо сирење, 400гр, 14 лева или 7 евра односно околу 420 денари што е поскапо од кај нас каде на пример, олденбург гауда чини 525 денари за кг, а 400 грама би биле нешето над 200 денари.
Јогурт е 1,39 лева или 0,7 центи (42 денари) за 400гр.
Ајран, половина литар, 1,69 лева или 0,95 центи или 50 денари.
Типичен бугарски бел леб, килограм, 1,65 лева или 50 денари.
Лососот, 26,70 лева за кг за филе односно 13,35 евра.
10 јајца 5,29 лева или 2,35 евра или 140 денари (кај нас околу 110 денари).
Пилешки гради, смрзнати, 6,59 килограм или 3,30 евра шпто е околу 200 денари,. Пилешките гради кај нас се 399 ден. за кг.
Цело пилешко, 5,19 килограм или 2,6 евра за кг. што е многу поефтино од кај нас.
Мајонез Хелманс, 7,39 лева или 3,7 евра за малата тегла.
Lavazza кафе, за еспресо, 11.39 евра.
Стандардно Нескафе, 8,79 лева или 4,4 евра. Кај нас 50 гр. Нескафе е 89 денари во Кам или 109 денари во Тинекс.
Орео колачиња, 3,59 лева или 1,8 евра.
Сникерс, 1,69 лева или 0,8 евра.
Милка 2,69 чева или 1,3 евра.Кај нас Милка од 89 гр. млечно чоколади е 65 ден или 1 евро.
Ракија стара пет години, 34 лева или 17 евра односно реччиси 1 000 денари.
Полската водка Żubrówka е 17 евра.
Вино Совињон Блан 11 лева шише.
Шишиња вода, литар и пол, 1,15 лева или 0.58 евра.
Сок од портокал, литар, 4,20 лева или 2,1 евра.
Сок од банана, 2,79 лева или 1,4 евра, тој е многу поевтин.
Погледнете кое е најевтиното пиво што го имаат. Се чини дека сите овие се странски пива. Budweiser Budvar од Чешка, 2,79 лева или 1,4 евра лименка односно околу 80 денари.
Шуменско пиво од градот Шумен, недалеку одовде, 1,69 лименка или 1,35 евра.
Половина литар Стела, 2,84 лева или 1,42 евра.
Беково пиво, 1,84 лева или 0,92 евра.
Пиво Морети, 3,79 лева шише или 1,9 евра односно над 100 денари.
Барила тестенини 2,69 лева или 1,35 евра.
Хајнц кечап пола литар 9,49 лева или 4,75 евра што е доста скапо, близу 300 денари.
Колгејт, паста за заби, 3,19 лева или 1,6 евра за туба од 75 ml.
Компири 1,29 кило или 0,65 евра.
Ситна мека зелена салата 2,49 лева или 1,25 евра.
Печурки 250гр за 1,99 лева или 1 евро.
Кромид, 2,19 лева за килограм или 1,15 евра.
Ако сакате црвен кромид, 3,99 килограм или 2 евра (ова се цените пред пет месеци кога и кај нас кромидот имаше страоносмка цена во еден период близу 100 ден.).
Јаболка, 1,59 лева или 0,8 евра.
Домати 3,49 лева или 1,75 евра.
Лимони, 2,29 лева или 1,15 евра.
Мандарините, 1,99 или 1 евро.
Брокула, 8,99 за килограм или 4,5 евра. Бугарски пиперки, црвени, 5,49 лева или 2,75 евра. Зелените се 4,99 лева.
Овие мини краставици 4,99 лева или 2,5 евра.
Тоа се цените во маркет.
И сега за сместување. Добив модерен стан со две спални соби во грчкиот кварт во Варна, и имаше се што ви треба за навистина удобен престој. Беше уреден со вкус, но она што најмногу ми се допадна, изненадувачки, беше тушот. Тоа всушност имаше кабина, што не е секогаш случај во Бугарија. Сега цената за ноќевање беше околу 50 евра, а долгорочно изнајмување на сличен стан во Варна може да ве чини околу 750 евра за месец.
Тоа се цените во Варна според ова видео снимено пред пет месеци. Интересни се коментарите под него, па така еден забалежува дека нема голема разлика во цените меѓу Норвешка и Варна (која важи за еден од поскапите градови во Бугарија) иако платите се неспоредливи меѓу двете земји. Грк кој студирал во Бугарија забележува дека цените се речиси исти меѓу двете земји, иако во Грција стандардот е малку повисок.
Просечната плата во Бугарија е околу 1 020 евра, во Софија е околу 1 400 а во регионот на Враца околу 720 евра. Кај нас просечната плата е 40 000 денари или 650 евра