Додека сите погледи на светот се вперени во Венецуела поради политичката криза и додека Вашингтон го стега обрачот околу таа земја, актуелниот претседател Николас Мадуро танцува салса.

Снимката на која Мадуро се весели со сопругата во салса-ритмот на песна посветена нему, како што наведуваат некои европски медиуми, е од крајот на февруари и веднаш стана интернет-хит.

По состанокот со претставници на рударските компании од државата, венецуелскиот претседател ги замолил музичарите кои биле повикани на тој настан, да засвират нешто за публиката. Така, тие почнаа да пејат песна со текст: „Мадуро не си оди“.