Екс претседателот на хрватскиот парламент и висок функционер на ХДЗ, еден од луѓето кои играа клучна улога во Хрватска во деведесетите години и кој сигурно знае што зборува, во разговор за една хрватска телевизија, истакна:
„Не е моќта во хрватскиот Сабор, во парламентот. Тоа е една голема илузија. Моќта во цела Европа е во неформални групи, политички греми кои донесуваат вистински политички одлуки, а потоа тие само технички се спроведуваат преку извршната власт и на крајот законски се уредуваат во парламентот. Самракот на парламентарната демократија е веќе долго време на дело во цела Евроопа, така и во Хрватска. Според Уставот, Владата му одговара на парламенот, во пракса во вистинскиот политички живот не е така. Доминира политичката власт, а Саборот е само една сцена каде што се изгласуваат одлуки кои одамна пред тоа се донесени на други места.“