Краток прилог на Скај њуз во кој известуваат дека е уапсен лабуристот Рики Џонс кој на собир повика да им се „исечат грлата“ на десничарските демонстранти кои изминатите днеови, во низа градови во Велика Британија демонстрираа против мигрантите и муслиманите, по тројното убиство во Стокпоурт кое на споцијалните мрежи му беше препишано на муслиман, иако убиецот не е тоа.
Водител:
Дарен, што повеќе можеш да ни кажеш за овие најновите изјави од Метрополитанската полиција?
Дарен мек Кафри политички корсепондент на Скај њуз:
Па, како што рековте, ние ја слушнавме таа изјава, нели? Тоа што го спомна пред малку, од МЕТ, потврдувајќи го апсењето на човек за кој веруваме дека е Рики Џонс. Тој е поранешен советник на Лабуристичката партија, кој беше фатен на видео кое потоа беше објавено на Твитер или Х минатата ноќ, каде повикува да им се исечат грлата на демонстрантите на екстремната десница. Ајде само да погледнеме што велат МЕТ. Прво, мислам дека ја добивме изјавата што ја дадоа, во последните 30 минути, во врска со апсењето на овој човек, во кое зборуваат за фактот дека тој е уапсен поради сомневање за поттикнување убиство и за прекршок според законот за јавен ред. Тој е во притвор во полициска станица во јужен Лондон. Како што реков, сето ова се одликува на видот на протест против расизмот што го видовме минатата ноќ во Волтамстоу. Во видеото, објавено на X, се чини дека Џонс рекол:
„Тие се одвратни наци-фашисти и ние треба да им ги пресечеме сите грла и да се ослободиме од сите нив“. Сега не е изненадувачки, со оглед на фактот дека тој во тоа време беше советник на лабуристите, кои попладнево прилично брзо го суспендираа од Лабуристичката партија. Тоа уследи по критиките од Најџел Фараж, лидерот на Reform UK, кој објави снимка од тоа видео велејќи:
„Зошто двостепениот Кеир не презеде акција? Значи, она што го видовме е во суштина тоа видео да биде објавено, Лабуристичката партија го суспендира Рики Џонс како еден од нивните советници, а потоа, како што велите, во последните, 10-15 минути, Мет издаде изјава и вели дека маж на околу 50 години е уапсен под сомнение за поттикнување убиство. Значи, ја имаме таа полициска истрага во живо, ја имаме Лабуристичката партија, сигурен сум, велејќи дека тие преземаат брза акција, но исто така, знаете, многу луѓе сугерираат дека, иако видовме многу малку насилство, имаше потенцијално кажани работи на тие протести кои беа неприфатливи и затоа полицијата го разгледува тоа.