Девет викенди по ред незадоволните парижани протестираат против Ковид-пропусницата, која е задолжителен документ при посета на каков било јавен настан.
Досегашните протести беа генерално мирни споредени со последниот. Викендов низ главниот град на Франција околу 140 илјади граѓани присуствуваа на масовните протести на 4 различни локации.
Од објавените снимки очигледно е дека демонстрантите се охрабрени и употребуваат сила врз полицијата и гаѓаат со најразлични предмети и пиротехнички средства.
Полицијата возврати на нападите со апсење, пендреци и солзавец.