Романските авиони „Спартан“ и „Херкул“, кои како дел од меѓународната помош се испратени во Македонија, пред два дена слетаа на скопскиот аеродром, веќе два дена се вклучи во гаснењето на пожарите во нашата земја.
Романскиот „Спартан“ гасне пожари со таканаречени водни бомби од пет тони. „Херкул“ е негова логистичка поддршка.
Карактеристично за „Спартан“ е тоа што на местото каде ги фрла таканаречените водни бомби, не смее на има луѓе на земја, бидејќи водните бомби претставуваат опасност за нив.
Романскиот „Спартан“ гаснеше пожари во Македонија и во 2021 година.