На Јутјуб се појави снимка од комбе кое превезува патници на кое сред улица во Скопје му испадна задното тркало и остана само на три тркала.
Тоа предизвика страв кај патниците во возилото, но и кај останатите учесници и сведоци на настанот што се случил на кружниот тек во Ѓорче Петров.
Видеото е постирано од Фејсбук-групата Сид на сообраќајниот срам.
Ова е уште едно предупредување во каква состојба се возила кои се користат за превоз на патници, по неодамнешната трагична сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово, во која загинаа и беа повредени поголем број патници во превртениот автобус на Дурмо-транс од Гостивар.