Од поединци на социјалните мрежи, како и во провладините медиуми, вчера имаше обиди да се фрли дамка врз величествениот пречек на европскиот ракометен шампион Вардар на плоштадот Македонија во Скопје.

Имаше обиди да се накалеми национализам врз патриотските чувства на стоилјадниот народ кој излезе самоиницијативно да ги поздрави ракометарите, кои по долго време на траори во Република Македонија внесоа позитивна енергија.

Ако, пак, толку инсистирате дека пеењето на македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“, од стоилјадни грла, е национализам, како да го наречеме срамот за тоа што имавте време за селфиња со грчкиот премиер Алексис Ципрас, а немавте време човекот да ја ислуша македонската химна?!

Слушнете ја уште еднаш химната од хорот од 100.000 Македонци, можеби ќе се убедите дека не станува збор за национализам… Можеби ќе пробуди кај вас и патриотизам, нешто за што се напишани и компонирани химните.

Пробајте, не боли!

(Д.Г.)

ЌЕ ВЕ НАЕЖИ ОВА. ХИМНАТА РАЗЛЕВАШЕ НА ДОЧЕКОТ НА НАШИТЕ РАКОМЕТАРИ-ШАМПИОНИ.

Gepostet von Македонска Дијаспора am Dienstag, 4. Juni 2019