Росоман го има она што другите места го немаат – две плантажи со марихуана во нивна близина, се вели на почетокот од репортажата на ТВ Н1, за македонскиот канабис.
„Место со околу 4.000 жители кои се занимаваат со земјоделство. На улиците, логично, има повеќе земјоделски возила отколку автомобили. А само за нови фирми во соседството знаат, велат, дека постојат и колку ги има“, бележи репортерот на Н1.
Низ Македонија плантажите ги снимаме однадвор, продолжува репортажата:
„Велат, дојдете по две недели да го снимите и производството, зашто сега и тие имаат свои проблеми“.
Вниманието на јавноста го привлече пишувањето на БИРН за тајниот состанок во нишката кафана Мрак, на кој, покрај другите, со Предраг Колувија бил и (тогашниот) генерален секретар на Владата на Македонија (Драги Рашковски), бележи репортерот на Н1.
– Тоа нас не изненади. Бидејќи во целото истражување (Рашковски) никаде не се појави. Иако еден од партнерите на Колувија во медиумите и во препукувањето меѓу власта и опозицијата е споменат негов роднина. Врската со (Зоран) Заев ни беше подиректна, но изгледа и оваа не била баш лабава, вели Владо Апостолов за Н1.
Целата репортажа може да ја погледнете на овој ЛИНК.