Гушкањето е за дете, и за возрасен човек, гушкањето е и за маж и за жена. Гушкањето е за секаков граѓанин од сите вери и нации. Но, за гушкањето треба да имаш срце, треба да имаш душа, треба да имаш топла човечка крв.
Ова вечерва го истакна премиерот Зоран Заев во функција на лидер на СДСМ на трибината На прав пат во Струмица.
– Го гледам (Христјан) Мицкоски, вели тој немал проблем Албанец да биде претседател на Собранието. Па, зошто тоа не им го кажа тоа на 27-ми април на граѓаните кои влегоа во Собранието. Мицкоски вели гушкал Албанец. А бе човеку бе, не е дали е Албанец или Македонец, гушкањето е сите само треба да имаш душа и топла човечка крв, рече Заев.