Премиерот Зоран Заев денеска присуствуваше на промоцијата во фирмата „Брако“ во Велес и прв ја возеше хидрогенската метларка за чистење на улици и јавни површини.
– Да се знае премиер на која земја прв вози вакво возило, рече Заев и тргна со хидрогенското возило.
Но, заборави да ја вклучи метлата…
Како што е познато, Брако е една од фирмите на поранешниот колега на Заев, екс вицепремиерот Кочо Анѓушев.