Зоран Заев во интервју за Би-Би-Си констатира: „Кому му е гајле како ќе биде новото име на државата, дали ќе бидеме Северна или Јужна Македонија“.
Заев вели дека официјалното име на државата ќе биде Република Северна Македонија. Тој потенцира дека ќе испрати и писмо до сите држави на ОН со кое тој ќе побара истите да нè признаат под новото име.
– Кому му е гајле потоа знаете, дали некој ќе не викаат Северна Македонија или Јужна Македонија, официјално ние ќе бидеме Северна Македонија. Се што ќе биде државно ќе биде ословувано со новото име. И тоа е дел од договорот и ќе го исполниме, заклучува Заев.