Кога со Алексис го започнавме тешкото патување за да го затвориме долгиот спор што го имавме, не знаевме дека ќе стигнеме до овој историски момент, порача вечерва на Фејсбук премиерот Зоран Заев, по селфито без химна, на средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

– Кога ќе погледнете во иднината што се отвора пред нас, гледате отворање на нови можности за подобри односи и посилна соработка. Гледате два соседни, пријателски народи, кои ѝ покажаа на Европа и на светот дека со храбри одлуки и со желба за заедништво, тоа што до вчера изгледаше невозможно, денеска е реалност, смета Заев.

Македонскиот премиер за историски го смета мигот, кога министерите од неговата Влада се облекоа во боите на знамето на Грција и „пријателот Алексис“ го пречека без интонирање на македонската химна.

Заев за да не го повреди „пријателот Алексис“ со химната ги повреди националните чувства на милиони Македонци во Република Македонија и во светот.

Премиерот Ципрас во историската посета на Република Северна Македонија

Kога со Алексис го започнавме тешкото патување за да го затвориме долгиот спор што го имавме, не знаевме дека ќе стигнеме до овој историски момент.Кога ќе погледнете во иднината што се отвора пред нас,гледате отворање на нови можности за подобри односи и посилна соработка. Гледате два соседни, пријателски народи, кои ѝ покажаа на Европа и на светот дека со храбри одлуки и со желба за заедништво, тоа што до вчера изгледаше невозможно, денеска е реалност. ????

Gepostet von Zoran Zaev am Donnerstag, 4. April 2019