Јас верувам дека во нашата земја може да се живее еднакво добро како и во сите западни земји, изјави денеска премиерот Зоран Заев во Куманово.
– Ако добро се организираме, но и ако бидеме луѓе и помагаме едни на други ќе си ја направиме нашата Република Северна Македонија поубаво место за живеење, објави Заев на Фејсбук.
Слично нешто вчера тврдеше и портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов. Партискиот портпарол изјави дека сме „на вистински пат, економијата расте, платите растат, а има и рекордни инвестиции и повеќе пари кај граѓаните“.
Така мисли власта и одбраните граѓани на трибините што се одржуваат, како таа денеска во Куманово, а што мислат граѓаните за оваа „розова состојба“ е прашање на кое одговорот се добива на избори.