На Мечкин камен, вчера, покрај немилите сцени на најголемиот национален празник на Македонците, се случи и нешто што му даде сјај на денот Илинден.
Двајца комити од Илинденската коњаница која од повеќе градови од Македонија повеќе денови маршираше кон Крушево, после положувањето цвеќе, клекнаа на колена и ги запросија своите девојки пред споменикот на илинденските јунаци.
За век и веков Илинден, честито нека им е на свршените, да се раѓаат нови комити и војвотки.
Видеото може да го отворите ТУКА.